„Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот за да не го слуша, и тој самиот ќе пишти, – и нема да го чујат.“ (Изреки 21,13)
Ние пак, честопати се чудиме зошто Господ не ги слуша нашите молитви. Ете ја причината! Господ не ни ги услишува молитвите затоа што сме ги затвориле нашите уши пред молбите на оние на кои им била потребна помош. Поради тоа и Господ нас не нѐ слуша.
Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле ќе станат погласни од нашите молитви. Затоа, да побрзаме, и да ја отстраниме оваа беда од нас, угледувајќи се на Закхеј, кому Господ, поради неговата мудра одлука, му рекол: „Денес дојде спасението во овој дом“.
Св. Теофан Затворник
Извор фб профил на
Православие.Мк †