Благодатниот оган пристигна во земјава (18.04.2020)
И покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, во знак на големото пријателство меѓу нашиот и грчкиот народ и оваа година, за радост и поткрепа на христијанските верници, во земјава пристигна светиот оган, познат и како благодатен оган.
За благодатниот оган секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим.