Не смееме да се плашиме од антихристот и трите шестки
Ова што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки.
И тогаш старецот ме праша: „Отец Атанасиј, чедо, сега веќе сум слеп, моите очи не работаат затоа што имам рак на хипофизата, но сепак имам духовни очи и гледам.