Некој ќе рече: "Јас не сум онаков каков што би требало да бидам, не разбирам ништо таму, не можам да се сконцентрирам". А ти отиди каков и да си. Еден старец кажа: "Кога ќе влезеш во парфимерија и излезеш, облеката ќе ти мириса, дури и ако тоа нема да го сакаш, дури и ако ништо не купиш." Тој кажа дека истото се случува кога одиш на Литургија.
Теодорос Ригиниотис: Мајка Тарсо – Јуродива заради Христа
Јуродивите (Лудите) се светители кои се претставуваа како луди од крајно смирение, за да ја избегнат почитта од луѓето. Обично Бог советува некого „случајно“ да открие дека некој си, когошто сиот град го презира и исмева, којшто живее од милостиња, спие среде улица, се качува на црковниот амвон и фрла кршени ореви врз верниците или, пак, јавно јаде месо во Велигденскиот Пост, а реално е еден светител чудотворец кој е многу блиску до ангелите Божји!