Отец Хараламбос Пападопулос: Критериум на спасението
...Еден млад монах го видел старецот надвор од ќелијата, легнат на земјата како им рони трошки леб на мравките, кои на тоа место имаа направено гнездо. „Што правиш таму, старче? – го прашал, а тој му одговорил: „Еве што правам, се учам на сострадание…“ Токму ова сострадание и љубов кон секој човек, животно, растение, дрво и сето создание, ќе го сочинува критериумот на нашето спасение.