Според денес важечкиот типик, Литургијата на претходно осветени дарови се служи секои среда и петок од Великата Четириесетница, во четврток на Великиот Канон, и во првите три дена од Страстната седмица. Исто така, се служи и во деновите на светителските празници: свети Харалампиј (според стариот календар), Прво и Второ наоѓање на главата на свети Јован Крстител и на денот на светите Четириесет маченици.
Често, човек е толку фатен, т.е. парализиран од гревот, што самиот е неспособен да дојде до Христос и да побара исцеление. Во такви ситуации доаѓа до израз големото и незаменливо значење на Црквата како заедница, која со своите најразлични богочовечки дарови како: утеха, поука, личен пример, материјална помош, покајание и слично, и без оглед на тешкотиите, го приведува човекот кон Господ Христос – Исцелителот на нашите души и тела. Од „фатениот“ се бара само смирение.
Радоста од подвигот за Христа принесен
уште повеќе ја збогати душата твоја о лекаре Никaндар,
кога срцето со благодат се исполни
и ти Бога го прослави во страдањата твои.
Благодатта не е посредник меѓу натприродното и природното, туку е дејство на Божествената енергија врз маетријалниот свет, присуство на Светиот Дух во светот. Имено, пневматизмот и го прави православието најнезавршена форма на христијанството, претставува превладување на новозаветните принципи над старозаветните. Како свој врв, православието ја разбира задачата на животот како стекнување на благодатта на Светиот Дух, како духовна преобразба на тварниот свет.
Угодниче на Христа Бога Бесмртниот,
свети оче Бенедикте,
славен подвижниче, велики ревнителе,
ангелски живот на земјата имајќи,
пример за воздржание на мнозина им постана,
моли се за нас ти свети прозорливче,
Пророкот Божји им ја открива на луѓето волјата Божја само тогаш кога на нив нисходи Духот Свет. Што се однесува до демонските пророци, тие не прорекуваат, тие гатаат за пари. Тие одговараат на прашања, што им ги задаваат. Во својот живот тие се далеку од евангелската моралност, и кога тие „прорекуваат“, тогаш човекоугодничат, им повладуваат на човечките страсти и похоти, за да ѝ угодат на толпата.
Триумфот на православната вера нема потреба да се афирмира и да се потенцира од никој од нас, особено не агресивно и наметливо, поради тоа што Православието е вистина, а вистината секогаш е апсолутна и секогаш е триумфална по самата своја природа. Вистината за нас, православните, не е концепт на идеи, догми и строго утврдени правила и одредби. Секако дека постои и таков пристап, но само како двиг кон чување на вистината во овој свет на лага и измама
Но, гледам дека тука има и нови ѓаволски вештини. Им става на луѓето во глава помисла дека се духовно здрави, ако донесат заветен дар и ако отидат некаде на поклонение. И така, гледаш многу луѓе како со свеќи и со ветени дарови одат во манастирите на поклонение, ги оставаат таму даровите, се крстат, малку и плачат и со тоа се задоволуваат. Не се каат, не се исповедуваат, не се поправаат и ѓаволот се радува на тоа.
Гревот ја има таа сила и моќ да нè одвои од Бога, од небото, од вечниот живот и во исто време да нè испрати во пеколот, во вечната смрт. „Плата за гревот е смртта“ – нè опоменува светиот апостол Павле. Според тоа, гревот се покажува како најголем, дури и единствен противник и непријател на нашето спасение.
Ранохристијанските списи, како и делата на Светите отци, потврдуваат дека постот во Црквата се запазувал уште од самиот почеток. Во учењето на Дванаесетте апостоли, од средината на II-от век, се зборува за веќе постоечкиот седмичен пост на христијаните, со наредба да не биде спроведуван заедно со Јудеите, „зашто тие постат во понеделник и четврток. А вие постите – се вели во него – во среда и во петок“.
Епископ Варлаам, говорејќи пред црковната телевизија Тринитас, соопшти дека имињата на некои од најпознатите духовници во Романија од минатиот век се меѓу оние кои се предвидени за канонизација. Така, на пример, старецот Клеопа (Илие), о. Димитар Станилоае и старецот Герасим (Иску) треба да бидат прославени сред ликот на светиите.
Он има право ова да го наредува, бидејќи станувајќи човек Он Самиот Свет им ги дава на луѓето сите божествени сили кои се потребни за свет и побожен живот во овој свет (види: Петар 1, 3). Со помош на верата, соединувајќи се духовно и благодатно со Светиот – со Господ Христос, христијаните ги добиваат од Него светите сили за да водат свет живот.
Треба уште еднаш да се подвлече дека целта на постот не се состои во тоа тој да нè принуди на некакви формални обврски, туку во тоа да го омекне нашето срце, така што тоа би се отворило за духовната реалност и би ја доживеало скриената глад и жед за заедништво со Бога.
Во овој ден, првата сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна гонење на христијаните, јавно или прикриено.
Koгa нашата волја е раководена од самољубието и од земната мудрост, тогаш таа се обидува да одржува некаква средина, достојна за секаква осуда - средина меѓу овие два стремежа во нас, односно да се воздржува од телесните страсти, но да гледа да нема неугодности, кои се неизбежни кога се трудиме вистински да се воздржуваме од страстите и задоволувањето на духовните барања;
Држат строги диети, но не постат. Одат на психијатар и седат пред телевизорот со часови, но не одат на исповед ниту во црква. Луѓето денес не сакаат да даваат туку само да земаат, без труд или лична жртва. Се плашиме да се погледнеме едни други во очи. Систематски го избегнуваме ова, содзавајќи си немир во себе.
По разговорот со момчето, судијата ја објави својата пресуда, велејќи: „Кражбата, особено кражбата на леб, е многу срамно кривично дело. И сите ние овде сме одговорни за ова кривично дело. Сите присутни во оваа судница денес, а и јас сум меѓу нив, се одговорни за ова дело. Значи, сите присутни ќе бидат казнети со по 10 долари. „Никој не може да ја напушти судницата се додека не депонира 10 долари овде.
Дојдете, верни, во светлина да ги извршуваме делата Божји, како дење набожно да одиме, секаков неправеден договор да раскинеме и секаква соблазна на ближниот од нас да отфрлиме; телесните наслади да ги оставиме и духовните наши дарови да ги возраснеме; на гладните леб да им дадеме и на Христа со покајание да Му пристапиме, викајќи: Боже наш, помилуј нè.