Архимандрит Андреј Конанос: Животот со Бога е рај (трет дел)
Во нас тече Христовата крв, Господ не зборува теории, тоа не се идеи или философии, туку Тело и Крв Христови. Го јадеме и пиеме Христос и Христос станува наша храна и питие. Ете! Каде е теоријата? Каде се философите? Каде се фантазиите? Тоа е факт, тоа е храна, тоа е живот, тоа е нешто онтолошко, како што велиме во Црквата, Христос суштински влегува во нас. Кога го живееш тоа, го разбираш и се исполнуваш со Христа, значи, дека можеш да кажеш, како Свети Симеон Нов Богослов, ги гледам рацете свои