Смирението е вистинската храброст (24.10.2016)
Во смирението потонуваат сите стравови и помисли како камен во огромен океан. Тогаш ти ќе дознаеш дека смирението е вистинска храброст. Затоа стравот е спротивен на храброста. Но, не таа храброст за која говорат во светот, туку храброста на смирението, кое раѓа чисто срце. Чистото срце, познавајќи Го Непознаениот и сместувајќи Го Несместливиот, нема страв од човек, туку има страв од Бога, кој се претвора кај него во непресушна Љубов.