Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – I дел
Нема човек без Крст. И богатите и сиромашните, и убавите и неугледните, и високите, и жените, и мажите, и децата, и луѓето на кои им се восхитуваш, и оние кои се многу здрави, и тие имаат свој Крст. Можеби тие да имаат душевна болка, големо душевно испитание, па не можат ни да се радуваат на здравјето, кое, да речеме, ти го немаш. Нема човек без Крст, но едноставно не сите го имаат твојот крст.