Преподобен Нил Сорски: Силата со којашто ги поднесуваш искушенијата ја претставува мерата на твојата зрелост
Ако наидат работи кои те жалостат и лутат, обрати му се на Бога и не му дозволувај на злото да ти се приближи.
Ако не успеваш во тоа, тогаш, барем молчи, додека не се смириш. Тогаш, говори мирно и љубезно со другите.
Не им замерувај за ништо и не ги потсетувај на направените неправди. Моли се само на Бога лошите впечатоци во срцето да се измазнат што е можно побрзо.