Aрх. Рафаел Карелин - Зошто човечките души на различен начин Му одговараат на Бога?
Прва пречка која му пречи на човекот да го слушне гласот Божји е духовната гордост. Таа е пострашна од сите други страсти, тоа е потполна доверба само во себе, во своите внатрешни сили. Нему Бог не му е потребен, всушност тој има своја религија - егоизам, односно тој самиот на себе станал Бог. Духовната гордост е како голема тврдина, но страдањата и потресите често ја рушат оваа тврдина.