Свети Силуан Атонски: За Мајката Божја
Кога душата е во љубовта Божја, о, колку е тогаш сè добро, колку е сè мило и весело. Но, и при љубовта Божја постои тага. И колку е поголема љубовта, толку е поголема и тагата. Божјата Мајка никогаш не згреши ниту со една помисла, и никогаш не ја губеше благодатта. Но, и Таа многу тагуваше. А кога стоеше под Крстот, Нејзината тага беше безмерна како океан и маките на