На 21.9.2024 година, кога Црквата го празнува Рождеството на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј и со Нeговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент – богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.
На Литургијата сослужуваа и: архимандритот Методиј, игумен на светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Сергеј од Новограчаничко-средно западно амриканската епархија на Српската Православна Црква, игумен Павле од Захумско-херцеговската епархија на Српската Православна Црква, јеромонах Некатариј Хиландарски и јеромонах Роман од манастирот „Св. Василиј Острошки“ во Црна Гора, како и свештенослужители од Скопската епархија.