Сè што Му се случува на човекот, потполно зависи од неговото смиреноумие. Ние, на пример, гледаме како човекот се бори и на крајот се случува да биде потчинет на некоја своја страст. Бог допушта тоа да се случи само од една причина, односно, затоа што неговата душа е исполнета со суетни помисли и гордост.
Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (14.02.2019)
Човекот треба да живее според духот; сиот состав на човекот треба да стане ’духовен’, да го достигне ’подобието’. Всушност, духот е тој што треба да влезе во единство со крштелната благодат и тој благодатта ја воведува во срцето, кое е центар на човечката природа што треба да биде обожена. Без срцето, кое е центар на сите активности, духот е немоќен. Без духот, срцето е слепо, лишено од управување