Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој ропски да им служи ним. И еве, во денешната парабола е опишан токму таков човек, еден типичен егоист, потонат во своето себељубие, чиешто божество било сопственото јас. Погледнете само колку пати во една реченица тој ги присвојува за себе нештата што Бог му ги дал: плодовите свои, амбарите свои, сето свое жито и сите свои добра, душата своја. Свое, свое, свое…