Историја на празнувањето на Сретението Господово
Својот почеток празникот Сретение Господово го има од периодот на VI-V век. Во западната богослужбена традиција бил наречен „ Очистување на Пресвета Богородица “ и сметан за богородичен празник. Некои истражувачи го сметаат за прв богородичен празник. Во Ерусалим тој празник бил одбележуван со релевантна торжественост уште во времето на шпанската монахиња Етерија (IV век), но сметан за Господов.