·
Оваа фотографиа ме испровоцира да го напишам она за што долго време сакам да прозборам, а тоа е безумна потрага на лугето по долг живот, притоа забораваjки дека ни влакно од косата нема да ни падне без Божjо допуштение.
ВЕЧЕН ЖИВОТ?! ШТО ПОДРАЗБИРАМЕ ПОД ВЕЧЕН ЖИВОТ?
Многу често на социјалните мрежи може да се сретнат совети за здрав и долг живот, научници кои го откриле лекот за вечен живот итн. итн.... И следуваат голем број ,,лајкови" , споделувања, коментари сите со надеж и желба за долг или уште подобро ,, вечен живот”.
Вечен живот?! Но, што подразбираме под вечен живот?
Ајде да ја разгледаме ситуцијата.... Да речеме вака: имаме здрав човек, добар имунитет, здраво срце итн.итн. .... и колку ќе живее? 100 години, 200 години.250.....и која е целта? Што потоа?
Колку е жалосно кога некој така размислува....вечен живот,а мисли на овоземниот живот.
Браќа и сестри, вие кои сте православни, запомнете, телото не е вечно, душата е вечна. Ако сакаме вечен живот да се потрудиме да си ја очистиме душата од гревови за Бог да не удостои на Вечен Живот во Вечното Царство ,во вечни блаженства.
И да сватиме дека не ни се потребни никакви магични средства за долговечност, да сватиме дека колку и да се трудиме да најдеме лек за долг живот попусто трошиме време, зашто ако Бог сака да ни го прекрати животот ќе најде друг начин, не се умира само од болест. Сведоци сме на многу елементарни непогоди , сообраќајни незгоди и други причини.
А за долг живот ни е потребна само чиста душа, обестрастена и верба во Господ.
Дали знаете дека уште пред илјадници години, кога немало ни научници ни лекари луѓето живееле многу подолго одколку денешните. На пример по Божја волја, Свети Симеон Богопримец живеел повеќе од триста години за да го види пророштвото „девица ќе зачне и роди син".
Многу христијански пустиножители и испосници докажале дека долго се живее и без пронаоѓање на специјални лекови или посебна храна.Тие ретко јаделе, а храната им била сув леб и вода.
А сепак, тие најдолго живееле и најмалку боледувале. Така, повеќе од 100 години живееле:
Свети Марко Трачески (130)
Свети Павле Тивејски (113)
Свети Анин Чудотворец (110)
Свети Киријак Отшелник (109)
Свети Макариј Александриски (110)
Свети Антониј Велики (105)
Свети Теодосиј Велики (105)
Свети Алимпиј Столпник (104)
Свети Јован Дамаскин (104)
Свети Симеон Столпник (103) и др.
Останатите доживеале длабока старост (од 70 до 100 години).
fbПравославие.Мк †