Свети Јован Златоуст: Докажи ми преку своите дела
Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото.
Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба.
Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот.
Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе.