Некој стар духовник ги запраша еднаш своите ученици по што би можеле да го препознаат моментот кога престанува ноќта и започнува денот.
- Да не е тоа оној момент кога ќе можеме да разликуваме куче од овца? кажа некој од учениците.
- Не - кажа духовникот.
- Кога можеме да го разликуваме стеблото од јаболка од стеблото на смоквата? - дофрли некој друг.
- Не - кажа пак духовникот.
- Па кога тогаш? запрашаа учениците.
А стариот духовник им одговори:
- Тоа е моментот кога, набљудувајќи го лицето на било кој човек, во него го препознаете својот брат или сестра.
Се до тогаш во вашите срца ќе владее ноќ.
Избор од фб профил на
Ivica Trajkovic