Промовирана монографија за манастирот „Свети Наум“ од Цветан Грозданов
Во салата во Соборниот храм "Св.Климент Охридски" беше свечено промовирано вредно научно дело, монографијата на академик Цветан Грозданов "Свети Наум Охридски", која ја издадоа Македонската академија на науките и уметностите и "Матица македонска".За изданието говореа и министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан и претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски.