Патријарх Кирил: Христијанството е оптимистички поглед на светот
09 / 22 март 2016 лето Господово
„Искуството од животот со Бога, со Христа, му дава на човекот голема сила“, истакна патријархот Кирил во своето слово по завршувањето на сеноќното бдение во московскиот Сретенски манастир.
„Вистина ви зборувам“, ја продолжи својата мисла Претстојателот, „што е сведоштвото на мачениците, исповедниците, ако не израз на токму таа внатрешна сила? И доколку го поминуваме животот заедно со Бога, тогаш Божествената сила ќе нѐ поткрепува, и Бог ќе ни стане поблизок. Ете зошто Христијанството претставува многу оптимистички поглед на светот, на животот и на човекот. Христијанството воопшто не е такво какво што се обидуваат да го претстават критичарите на верата. Зашто верата на секој човек му дава огромна Божествена сила, а преку таа сила и мудрост и способност да им се спротивстави на тешките животни околности, без чиешто надминување не може да постои духовен раст“, истакна Патријархот.
Извор: Православие.ру
Преземено од : Бигорски манастир