Јована Матевска Атанасова:Од новата збирка раскази, наградена со Книжевен круг за проза 2022
И така, кога падна селото на колена, кога си отвори рани ко зрела мешунка, душманот собра сѐ што најде по куќите. Ги јагленисаа плевните и амбарите, гранапите, еснафските дуќани, визбите и скришните одајчиња на таваните. Вриеше како во мравјалник. Сѐ што беше вредно ни зедоа, и чест и мировина, ни грабаа скриени од под мишки подварени зрнца грав и чубрика, од уста тутун