г. Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски: ИГУМЕНОТ КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ И ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР (1)
Секој манастир си има своја историја. Некоја обител има побогата, а пак некоја посиромашна историја, на друга е откриена, а на трета манастирска обител – историјата е сеуште сокриена тајна за нас луѓето. Манастирот во с. Лешок познат како Лешочки манастир, кој по Божјата промисла во последниве години повторно стана епископско седиште на мојата маленкост – има богата и во поголем дел откриена историја.