Себичноста ја попречува врската со Бога
Наредниот ден, кога дојдоа бедуините и повторно ги побараа тенките гранки, ги собрав во купови сите тенки гранки и им ги дадов. Тогаш еден постар бедуин ми рече: „Ти си добар човек; ќе падне дожд.“ Навистина, кога се вратив во манастирот, почна да паѓа дожд и врнеше многу. Благословот на бедуините ги отвори небесата. Тогаш никому не му ја раскажав оваа случка.