Следствено, покајанието е една промена на душевните сили на човекот, кој е поттикнат од љубовта. И затоа ги следи особеностите на љубовта на секого од нас. Значи, ако сакаме да одговориме на прашањето зошто не се каеме доволно, ако го чувствуваме тоа (секој ќе го констатира), можеби следниот чекор е да кажеме дека веројатно не Го љубиме доволно Бога и луѓето.
Но, да се вратиме на романот на Хаксли и да направиме мала напоредна анализа. Дејството се одвива во некоја далечна иднина. Луѓето што живеат во неа не се раѓаат по природен пат. Нив ги штанцуваат во т.н. човекофабрики и од младини ги воспитуваат на одреден начин. Во тоа општество сите луѓе се среќни, бидејќи се отстранети сите чинители кои создаваат тага и жал: глад,
Од осамостојувањето на Р Македонија во 1991 година, сведоци сме на процес на дезинтеграција на македонскиот народ врз религиско начело. Вероисповедта или конфесијата се користи како повод за создавање не само нови верски заедници туку и нови етнорелигиски идентитети (заедници, народ). Тој нов етнорелигиски идентитет дури стекна одредена политичка улога, затоа што беше повод за одредени развојни политики.
Во еден палестински манастир, се подвизуваше еден старец, украсен со праведност и благоразумност, кој уште од младоста беше добро упатен во монашките подвизи. Се викаше Зосим. Тој ги помина сите подвизи на подвижничкиот живот и го исполни секое правило, предадено во наследство од совршените монаси. А сето тоа правејќи го, тој никогаш не заборави да се поучува од Божјите зборови:
Икос: Очити ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.Со сладострасниот живот богатиот самиот себе се осуди на огнениот пламен, а бедниот Лазар, кој во овој живот ја избра сиромашијата, за бескрајната радост се удостои.
Од кога постои светот, човекот ја прилагодува околината на себе. Најлесно му е да ја прилагоди природата на себе а најтешко му е да ги прилагоди на себе другите луѓе и општеството во кое се наоѓа. Човечката енергија најмногу се троши во борбата да ги промениме другите околу нас или да спречиме другите нас да не менуваат.
За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала сѐ посилна и потрпелива – не паѓала под ударот на силните искушенија.
Во овој ден празнуваме неседална песна - Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји.
Поправо значи: „Биди свесен за фактот дека тоа што го зборуваш, правиш, претрпуваш или добиваш сега може да биде последниот настан или последното искуство во твојот сегашен живот“.
Во ваквиот случај, тогаш тоа ќе биде крунисување, а не пораз.
О Кириле оче свети,
над тебе многу пати прогонството
Петрово се исполни, но ти смирено
твоето послушание го изврши,
верата чиста ја запази, вдовици заштитуваше,
Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo Гo гoнeа, тајнo Гo судeа, вo нoќната тeмнина тајнo најмуваа и пoтплатуваа лажни свeдoци, какo и Јуда, и тајнo Гo
oсудија.
Вдлабочувајќи се сѐ повеќе во смислата на пустинското подвижништво, Епископот Теофан во 1872 година започна да живее затворнички живот. Ги прекина допирите со луѓето и престана да оди во манастирскиот храм на богослуженија, затворајќи се во посебно катче на пустинските престојувалишта, поради што е и наречен Затворник.
✥Благодарение на благото расположение
на нашето срце спрема него,
да може да им се спротивстави на негативните✥
Според древното предание, во овој ден го пееме Големиот канон. Овој навистина најголем од сите канони прекрасно и вешто го напиша светиот отец наш Андреј, архиепископ Критски, кој се именува и Ерусалимски. Тој замина од Дамаск на својата четиринаесеттодишна возраст за да изучува граматика и други науки во Ерусалим, водејќи монашки живот...
,,Никако не можам да управувам со молитвата, мислите постојано ми бегаат. Некој ме посоветува да ги научам молитвите напамет, уверувајќи ме дека кога ќе почнам да ги кажувам напамет мислите помалку ќе скитаат. Јас ги научив и ги кажувам напамет, но расеаноста не се смалува;
Кога пиете вода, ја вадите и најмалата во неа падната мушичка; кога ќе ви влезе трн во прстот, такашто трнот да е и едвај видлив за очите, вие се трудете да се ослободите од неспокојството што тој ви го причинува; кога во окото ќе влезе и најмала прашинка и ви го заматува погледот, вие преземате секаков труд за што поскоро да го исчистите окото од неа. Така поставете си себеси за закон,
Поуки на светите отци: Загушувај го умот кој е преокупиран со самиот себе си и непромислено подложен да го оговара и осудува брата си, на тој начин што со дела ќе му ја укажуваш секоја љубов и внимание свјот ближниот.
Свети Јован Лествичник
Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес!
Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти” Богочовекот.
Денес целото зло се вселило во телото на човекот, за да го истера Бога од таму.