Свети Николај Велимировиќ: „Не ни треба многу од тоа трње, бидејќи многу боцка“
Од многумина кои брзаат да се збогатат ќе слушнеш такво оправдување: „Кога ќе се збогатам, ќе можам да правам добри дела!“ Не верувај им, бидејќи те мамат и тебе и себеси. Свети Јован Лествичник длабоко ги познал и најскриените побуди на човечката душа кога рекол: „Среброљубивоста започнува со претпоставка да се прави милостина, а се завршува со омраза кон бедните“.