Некој човек замолувајки еден старец му рече:
- Отец! Научи ме на најмоќната молитва во постот; затоа што се молам и се молам, но Бог не ме слуша. Сега почнува постот и би сакал да има мир во моето срце.
Старецот, со насмевка, одговори:
- Два човека биле на пуст остров и никаде не можеле да добијат помош.
И тие се молеле - секој како што може.
Пред сè, им требаше храна.
Тие се молеле и Бог му испратил на едниот изобилство храна, а на другиот ништо.
Им требаше место за заштита од временските неприлики.
Едниот нашол удобна пештера, а другиот ништо.
Им требаше чамец за да го напуштат островот. Едниот го најде на брегот, другиот не.
Кога овој, откако нашол чамец, тргнал да влезе во него и да го напушти островот, тогаш помислил дека неговиот пријател е во истата неволја и решил да го земе со себе.
Кога го напуштиле островот, првиот го прашал вториот:
- Зошто, без разлика на се што барав, Господ мене ми даде, а тебе не?
Другиот му одговори:
- Господ ми даде се што побарав од Него! Затоа што цело ова време од Него барав само едно работа - да ти помогне!
Најсилната молитва во постот е љубовта кон ближниот.
фб Животот е борба