логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Igumanija.Domnika

Игуманија Домника

            Игуманијата Домника (Коробејникова) е родена во 1967 год. Се замонашува на 12 јули 1995 год. Станува настојателка на Ново-тихвинскиот манастир во 2006 год. Нејзиниот манастир е познат по развиената општествена дејност, како и по иконопис, везење, кабинети по грчки, словенски и црковно-историски науки. Сестринството се занимава со обнова и изградба на храмови, со добротворни дела и просвета. Во манастирот имаат отворено дом за сираци, повисоки мисионерски курсеви, православна гимназија, бесплатна народна кујна итн. Игуманијата е автор на повеќе текстови, во кои го преточува нејзиното лично подвижничко искуство, и го прави достапно и полезно не само за монаштвото, туку и за луѓето кои живеат во светот. Еден од тие текстови, е и овој кој следи за осаменоста, тема која е многу актуелна низ целиот свет, особено помеѓу црковните луѓе. Еве како таа ја анализира од духовен аспект оваа болна состојба, кои се причините за нејзиното појавување но и средствата и методите за излегување и лечење на оваа болест.

              Веројатно, најчеста болест во современиот свет е болеста на осаменоста. Каде е спасот од оваа исцрпувачка болест? Во Црквата, ќе речете, и во право сте. Но, често се случува човек кој одамна е воцрковен, сè уште да чувствува во неговото срце измачувачка болка: „Сам сум на целиот свет… никој не ме разбира“.

Мора веднаш да се забележи: постои и правилна осаменост (доброволна самотија) – желба да се избегне непотребна комуникација, заради сосредоточување на спасението на својата душа. Тоа е состојба за која свети Филарет Московски рекол: „Самотијата на земјата води кон небесната заедница“. Таква осаменост во различен степен ни е потребна на сите нас. Но, по што таа се разликува од неправилната осаменост, осаменоста како болест? По плодот ќе ги познаете. Човекот, кој е повлечен заради Бога, е исполнет со љубов кон луѓето, мирен и спокоен. А човекот кој паднал во мрежата на болеста на осаменоста, чувствува неискажлива тага, неговата душа постојано и со нетрпение бара љубов, разбирање, сочувствителност, и не може да ја најде. За таа самотија ќе поразговараме денеска.

Од што произлегува таа? Што го прави човекот осамен, што го одвојува од Бога и ближните?

Една од главните причини за внатрешната осаменост е навиката да се осудува. Би можело да се каже дека осаменоста и осудувањето се слични болести на душата. Човекот што осудува, каде и да се наоѓа, секогаш е незадоволен од своето опкружување. Нему му се чини дека неговите жалби кон ближниот се справедливи и неспорни. Но, тоа сигурно е грешка. Човек што го гледа ближниот низ призмата на осудувањето, неговиот збор го гледа во искривено огледало, сосема различно од тоа што навистина е. Тоа огледало дури и доблестите може да ги претвори во недостатоци.

Како да се бориме со тоа? Светите отци даваат едноставно правило: да се мисли дека Божјиот закон е создаден за мене лично. За мене е забрането, а за ближниот – тоа е можно. Ова е еден од главните закони на духовниот живот и ако ние го прифатиме со сето срце, тогаш отровот на осудувањето не ќе може да проникне во нашата душа.

Ете, во автобус седи еден млад човек, не обрнувајќи внимание на бабата што стои до него.

Да го сопреме во себе бранот на „природна“ разбунтуваност: „Зошто да тргнеме од момчето?!“, самите ние да го отстапиме местото. И веднаш во душата ќе почувствуваме мир и расположение кон сите луѓе, дури и кон споменатиот млад човек. Впрочем, тоа е можно, зашто тој едноставно не се чувствува добро или толку е душевно потиштен што ништо не гледа околу него. Но, дури и ако тој е лошо воспитан – само негова вина ли е тоа?

Друго средство против осудувањето е никогаш да не размислуваме, а уште помалку да зборуваме за ближниот. На прв поглед се чини дека тоа не само што е тешко, туку е и невозможно. И зошто да ја носиме на себе таа неподнослива тежина, што ќе ни даде тоа? Но, ако се присетиме за што ние обично разговараме во семејниот круг или со поблиските пријатели, ќе видиме: речиси секогаш предмет на разговор е нашиот ближен. И ако ние зборуваме за некој, уште и долго време, тогаш неизбежно паѓаме во осуда, ако не кон него самиот, тогаш кон друг: „Да, Иван Иванович – прекрасен човек! Но, синот не се погоди како таткото…“.

Познато е дека во некои грчки манастири, кои точно го следат древниот монашки устав, постои вакво правило: ако монахот си дозволи себеси да поразговара со некого „за трето лице“, тој следниот ден нема право да се причести. Се разбира, таквата строгост, во однос на луѓето што живеат во светот, е неприменлива. Но, ние треба да го разбереме потеклото на овој обичај – во длабокото разбирање на фактот, дека човекот кој си дозволува себеси некого да анализира, веќе греши. Нашето срце и нашиот ум се помрачени од страстите, и ако ние се фокусираме врз некого, тогаш неизбежно во нас ќе се појават грешни мисли, вклучувајќи ги и помислите на осуда.

Со осудувањето важно е да се бориме од самиот почеток. Ако ние му потклекнеме, тогаш нашето срце ќе се исполни со одбивност кон ближниот. А оваа страст е една од главните причини за осаменоста. Многумина мислат дека непријателството се јавува природно, од објективни причини. Некој од нашите пријатели, на пример, не е убав или не е доволно паметен или има лош карактер. Но, всушност, тој пријател не е виновен за нашата одбивност. Ако ние чувствуваме антипатија, тоа значи дека нашето срце е болно.

Честопати одбивноста се појавува сосема од ништо: еден човек случајно го погледнал другиот намуртено, и тој му одговорил со студен поглед – и сега тие двајцата се избегнуваат еден со друг. И тие не знаат колку силно може да се засакаат меѓусебно, ако не обрнуваат внимание на случајните зборови и погледи. Свети Николај Охридски во едно од неговите писма раскажува една таква трагична случка: „раскажувал еден селанец: – Меѓу мене и соседот се појави непријателство, како трње: еден со друг со очи не можевме да се гледаме. Една зимска ноќ, мојот мал син ми го читаше на глас Новиот Завет, и кога тој ги прочита зборовите на Спасителот: ,Правете им добро на оние што ве мразат‘, јас викнав кон детето: ,Доста!‘. Цела ноќ не можев да спијам, само размислував и размислував како јас да ја исполнам оваа Божја заповед. Како да му направам добро дело на својот сосед? И одеднаш слушнав од куќата на соседите гласно плачење.

Распрашувајќи се, дознав дека даночните органи му го одзеле на мојот сосед сиот добиток, за да го продадат заради долгот. Како молња ме погоди мислата: ,Ете, Господ ти даде можност да му сториш добро на соседот!‘ Истрчав до судот, ги платив даноците на човекот што ме мразеше повеќе од било кој друг во светот, и му го вратив добитокот назад. Кога дознал тој за тоа, долго време замислено одел во круг во својата куќа. Кога падна мрак, тој ме повика по име. Отидов кон оградата.

– Зошто ме викаш? – го прашав.

Тој наместо одговор, прсна во солзи и не можеше да изговори ниту збор, плачеше и плачеше. И оттогаш ние живееме сакајќи се повеќе од родени браќа“.

И ние да постапуваме така. Можеби нам нема да ни се даде можност да му направиме на нашиот ,непријател‘ такво благородно дело. Но, ние можеме и во малку да одговориме на злото со добро: на намуртениот поглед – пријателска насмевка, на зајадливиот потсмев – топли и убави зборови. И ние ќе видиме колку брзо исчезнува нашето заемно непријателство.

Уште една од страстите, поради кои човек може да се чувствува осамен, е пречувствителноста (навредливоста). Некој може да каже: „Ма каква страст! Јас не се лутам и не судам. Мене ме навредуваат, и јас се навредувам – тоа е нормално“. Но, всушност, пречувствителноста е една од најголемите страсти. Таа покажува дека човекот е оддалечен од Бога. Впрочем, кога Бог е во срцето на човекот, човекот е исполнет со внатрешна сила и храброст. Тој може да ги трпи сите слабости на ближните, не го губи мирот и љубовта, дури и ако го натажуваат.

Напротив, човек кој е лишен од благодатта и е оддалечен од Бога, нема внатрешна сила. Тој не може да претрпи дури и некоја блага забелешка. Тој не ја прима љубовта на луѓето, сè толкува погрешно. Секое, дури и доброто дело на ближниот, тој го разбира во лоша смисла. И ако пречувствителниот човек не ја чувствува добрината на ближните, тогаш тој воопшто не ги разбира нивните проблеми и тешкотии. Тој се чувствува само себе: „Ми рекоа непријатно нешто, ме навредија, ме натажија“. И тој никогаш не размислува за тоа дека и другите луѓе ги боли душата, поради тоа што и тој зборува непријатни нешта.

Како да се бориме со пречувствителноста? Што може да се направи во тој момент кога од навредата ни се фаќа грлото и ни надоаѓаат солзи?

Прво правило е – колку што е можно, да не покажуваме дека сме навредени. Тоа многу се цени. Впрочем, човекот кој нè навредил, самиот страда поради тоа, се кае поради својата невоздржливост или невнимание, а за него е големо олеснување да види дека не сме се навредиле.

Второто правило е – да не допуштаме никаква помисла. Навредата – тоа е врата низ која може да се протнат најбесмислени и лажни помисли: „Јас сум лош. Мене не ме сакаат. Сè е лошо!“ и така натаму. Нашето срце нека гори од навреда, но ако ние не се согласуваме со тие непријателски помисли и се молиме, тогаш многу брзо огнот ќе биде изгаснат.

Освен молитвата, постои уште едно многу силно средство против навредата – а тоа е делотворната љубов кон ближниот. Може да забележите дека често, токму во моментот кога страдаме од навреда и целиот свет ни се чини дека е црн, кон нас пристапува некој со молба. И многу важно е да не го одбиеме тој човек. Зашто него ни го праќа Самиот Господ, за да заборавиме на себе, на своите повредени чувства. Љубовта која ја покажуваме во тој момент, ќе го исцели нашето срца подобро од било каква утеха.

Уште една од причините за осаменоста – е суетата. Суетниот човек прима од ближните само пофалби, почит, внимание и љубов. Кога тој се наоѓа во центарот на внимание, кога се интересираат за него, разговараат со него, го слушаат, постојано му повторуваат: „Колку си ни потребен, колку е сè добро кај тебе!“ – тогаш тој чувствува дека неговиот живот е исполнет, богат, интересен. Тогаш тој пребива во благодушност, сите ги љуби, со сите е во мир.

Но, потоа околностите се менуваат, и околните привремено престануваат да му обрнуваат внимание. На пример, затоа што кај нив се појавиле многу важни работи, со кои тој човек нема врска, или можеби затоа што некој друг во моментов има поголема потреба од внимание и грижа. Што тогаш се случува со суетниот човек? Расположението кај него веднаш се менува. Одеднаш исчезнува и мирот и радоста, тој се чувствува осамен, напуштен; здодевно му е, и сите околу него му изгледаат студени и рамнодушни луѓе. И, се разбира, таа нездрава состојба покажува, пред сè, дека човекот заборавил на Бога. Неговото срце, наместо да се исполни со Бога, е исполнето со неговото сопствено „јас“.

Како да излеземе од таа состојба? Како да се надмине суетата, а со тоа и осаменоста? Прво, да ги цениме оние моменти кога ближните престануваат да ни обрнуваат внимание. Во тие моменти ние не се тешиме со суетна радост, ние чувствуваме млитавост – и самото време ни напомнува на Бога, да се обратиме кон Него во молитва. Во тие моменти молитвата е особено искрена, топла. И наместо претходната суета, малата радост нашата душа може да ја исполни со вистинска радост за Христа.

Да не се плашиме кога ближните ќе заборават на нас, кога ќе нè остават сами – така ние ќе Го најдеме Бога. А покрај тоа, да почнеме во таквите моменти самите да им посветуваме внимание на ближните. Ако некој одеднаш престане да комуницира со нас, да си помислиме: „Можеби тој има некои многу сериозни проблеми. Да му ја понудам својата помош. И ако таа не е од корист, да му помогнам со своето благо однесување, со својата топла загриженост, со својата молитва“. И тогаш, како и да се однесуваат луѓето кон нас, ние нема да се чувствуваме осамени, ќе имаме мир и спокојство.

За таквото однесување многу сликовито зборува современиот грчки старец, архимандритот Емилијан (Вафидис): „Не треба да очекуваме љубов од ближниот. Може само едно: да ја отсечеме својата глава за да му ја покажеме својата љубов и ништо друго“.

Ете колку топло, колку ревносно, колку до себезаборав сме должни да го љубиме ближниот, треба да бидеме подготвени да сториме сè за него. А за возврат, не треба да очекуваме љубов. И ако ние го следиме овој закон, никогаш нема да бидеме осамени.

Во страста на суетата има уште една гранка, како што е страста на зависта. Таа, исто така, може да доведе до осаменост.

Зависта произлегува од тоа што ние не сакаме да бидеме помали од нашите ближни. Ние сакаме да бидеме поголеми, или во најмала рака, еднакви. Но, колку многу губиме кога имаме таков став!

Еден писател вели: „Сакам да мислам дека сите околу се подобри од мене. Затоа што ако јас мислам така, јас секогаш ќе се наоѓам меѓу прекрасни, достојни луѓе. И тоа е среќа“. Човек којшто завидува, целиот е сосредоточен на своето „јас“. Достоинството и успесите на ближниот се само мерило за самиот себе. Друг има талент, а јас зошто немам? Другиот е возљубен, а јас недостоен ли сум? Другиот е исполнет со добродетели, но мене зошто Бог не ми дал?

Човекот што завидува се гледа само самиот себеси, лишен од блага, и не ги гледа ближните. И затоа тој е осамен. Кога тој ќе престане да се мери себеси, и едноставно ќе гледа на ближните со радост: „Колку прекрасни луѓе има околу мене! Колку сум среќен!“ – тогаш и на неговата самотија ќе ѝ дојде крај.

На зависта воопшто не треба да ѝ се верува. Нам често ни се чини дека сме завидливи поради објективни причини – друг човек има повеќе, другиот повеќе го сакаат, и ние не можеме а да не завидуваме. Но, во реалноста, и ние имаме многу добра – бидејќи Бог на секој човек му дава многу блага, – и ние сме опкружени со љубов, но едноставно тоа не го забележуваме.

Друга сериозна причина за осаменоста е погрешниот однос кон неуспесите, униние поради неуспесите. Тоа е многу честа појава. Може делумно за тоа да е виновен култот на „успешен човек“, кој во наше време се всадува преку книги, филмови, реклами. Таквиот човек секогаш има сè, тој не знае за порази. И ние толку навикнуваме да се ориентираме според тој пример, така што забораваме на главните христијански добродетели – смирението, трпението и надежта во Бога.

Но, очекуваме од себе совршенство во сè, а тоа е порочен пат, тој води кон униние, повлеченост, и следствено, кон внатрешна осаменост.

Едноставен пример. На работа нашиот надреден ни дал многу одговорна задача, надевајќи се дека ние таа ќе ја сработиме добро. Ние и самите сме се надевале на тоа, но поради одредени причини таа работа не се завршила добро. И сега ние се соочуваме со два избора на однесување. Ние веднаш може да се налутиме: „Па, како е тоа можно? Тоа е, сите ги изневерив и самиот се посрамив. Сега шефот веќе нема да ми верува и колегите ќе ми се смеат“. Ние навистина ќе почнеме да размислуваме дека секој човек гледа во нас со навредливо сожалување и потсмев и дека шефот, на минување, ќе нè гледа со раздразливост.

Но, ние можеме да се однесуваме и на поинаков начин. Прво, да се обратиме кон Бога со молитва за помош. Во такви случаи, кога душата е збунета и вознемирувачка мисла ја фрла од една на друга страна, најдобро од сè помага кратката Исусова молитва. Потоа седнете и размислете. Ако е некако можно да се поправи работата, треба да се направи обид тоа да се стори.

И ако ништо не се поправа, тогаш прифатете ја таа ситуација и искрено побарајте прошка од шефот, и доколку треба, прифатете ја казната. Однесувајте се во таа околност како христијани и извлечете поука од неа.

И јас ве уверувам дека таквото однесување ќе ви донесе поголем авторитет. Човек кој е способен смирено да ја признае својата грешка, има огромна внатрешна сила, и околните не е можно тоа да не го почувствуваат.

Можеби некој ќе се спротивстави: грешка – тоа е едно, но ако јас паднам (или постојано паѓам) во некој грев, како тогаш можам да не паѓам во униние? Но и за тоа светите отци предлагаат таков трезвен пристап како и кај било која друга животна ситуација: „Си паднал – стани“. Осознај Го Бога и себеси во својата слабост, и продолжи да се бориш. Се разбира, со помош на молитвата, бидејќи само Господ може да ни помогне да станеме.

Причина за нашата духовна осаменост може да биде исто и самомнението и своеволието, кога човек во која било ситуација самиот се претпочита: својата желба, својата волја, своето мислење.

Постои една ужасна заблуда, на која, сепак, сите ние ѝ веруваме: да се мисли дека човековата среќа се состои во тоа да бидат исполнети сите неговите желби. Ние така си пишуваме и еден на друг во честитките: „И нека ти се исполнат сите твои желби!“ Но, всушност, оној кој ја исполнува секоја своја желба, тој самиот е најнесреќниот човек на светот. Тој, вообичаено, секогаш е лошо расположен, бидејќи сè околу него не е како што тој сака. Таквиот човек несвесно ќе се најде во изолација. Тој се чувствува само себеси, неговото срце е затворено за Бога и луѓето. Колку повеќе тој настојува на своето, толку повеќе нему му треба, и толку помалку луѓе сакаат да комуницираат со него.

Ако самомнението и своеволието дејствуваат во човекот слободно, ако тој не се бори со нив, тогаш тие ја причинуваат една од главните причини за внатрешната осаменост – несакањето да се жртвува себеси за својот ближен. Секој знае дека постојат луѓе кои се навидум сосема туѓи за осаменоста. Тие се паметни, и дружељубиви, и добро воспитани, и многу луѓе имаат добро распоожение кон нив. Сепак, тие остануваат сами. Зошто? Поради тоа што едноставно не сакаат во ништо да се жртвуваат за друг човек, па дури ни во нешто мало.

На пример, некој се навикнал секоја недела вечер, во одреден час, да седи со чаша топол чај и да чита некоја книга. И ако точно во тоа време затропа постара сосетка и го замоли да оди до аптека – нему ќе му биде исклучително тешко да се откаже од својата навика. И тој често одговара: „Жалам, Марија Ивановна, јас сега не можам, имам многу работи“. Или човек кој навикнал, да речеме, чевлите секогаш да стојат десно од влезот. И ако некој покаже небрежност и ги стави на друга страна, тогаш тој задолжително строго му забележува: „Знаете, во мојот стан чевлите секогаш стојат овде“.

Таквата личност понекогаш гледа во каква темнина самиот себе се поставил, но кога тој ќе се присети на евангелските заповеди за ближниот и душата, тогаш тој почнува да чувствува вртоглавица: „Не, на таква висина не издигајте ме“ – и тој брзо се крие во претходниот одмерен живот.

Но, што да правиме ако сакаме да се избавиме од осаменоста и да стекнеме љубов кон луѓето? А што прави човек кој треба да се искачи по скалите на вртоглава височина? Тој не гледа ниту нагоре, ниту надолу – туку гледа на скалилото кое во моментот се наоѓа пред него. Стапнува на него, и гледа на следното. А по некое време забележува дека веќе е на врвот.

Така и тука: денес ќе го пожртвуваме своето слободно време за постарата сосетка, утре ќе се присилиме да не забележиме дека некој повторно не ги ставил чевлите на место, но со текот на времето ќе сфатиме дека одрекувањето од себе ни дава олеснување и – повеќе од тоа! – ѝ дава на душата таква радост, што ние дури и не сме ја знаеле.

Митрополитот Антониј Сурошки има едно интересно расудување. Тој се присетува како фарисејот Го искушувал Спасителот со прашањето: Кој е мојот ближен? Ние исто така многу често се запрашуваме: кој е мојот ближен? Кого да го возљубам? Ни се чини дека ако најдеме одговор на ова прашање, со тоа ќе дојде и крајот на нашата осаменост. Се огледуваме наоколу: каде се оние луѓе кои се за мене создадени, кои се соодветни за мене, кои ќе ги возљубам? Ние се чувствуваме себеси како центар на универзумот, а останатите луѓе се вртат околу нас. Господ на фарисејот му одговорил со параболата за милосрдниот Самарјанин и го довел до неочекуван заклучок: „Кој ни е ближен? Ти си му ближен на секој човек. Ти оди и извршувај милостиви дела“. Така Господ ни одговара и нам. Ти си ближниот. Другиот човек – е центар, а ти си ближниот. Тој е планета, а ти си сателит. Ти си создаден за него, а не тој за тебе. Затоа оди и направи му милост на секој човек што ќе го видиш. Ако го исполниш ова, нема да бидеш сам.

Често на ближниот не му е потребно многу: една капка живо внимание и грижа, мало пројавување на почит и љубов. Митрополитот Антониј, во својата проповед, раскажува за следниов пример. За време на Втората светска војна, во Париз, во руската гимназија, меѓу наставниците имало еден строг и воздржан човек. Никој не знаел ништо за него, особено не знаеле за тоа во каква беда тој живее. И еднаш учениците ја виделе следнава сцена. Недалеку од училиштето покрај патот седел просјак, а пред него лежела капа; многу луѓе минувале крај него, некои не гледајќи фрлале пари во капата. И ете по патот доаѓал наставникот. Одеднаш тој застанал пред сиромашниот, ја симнал својата шапка и нешто му кажал, и тој одеднаш скокнал и го прегрнал. Децата, изненадени од она што го виделе, секако, почнале да го распрашуваат наставникот што се случило. И еве што тој им одговорил: „Одев пешки од другиот крај на Париз, бидејќи немав пари за метро; одев по патот и во далечината го видов овој просјак, видов како луѓето минуваа покрај него, видов како некои фрлаа паричка во неговата капа, дури и не гледајќи го. И јас помислев дека ако и јас минам крај него и не му укажам внимание, во него, можеби, ќе умре последната верба во човекот. Но, пари немав! И тогаш јас запрев, ја симнав капата пред него и му објаснив: ,Простете ми – јас не можам ништо да ви дадам, немам ништо…‘ И тој човек скокна и ме прегрна“. Овој сиромашен човек подоцна велел дека никој не го дарувал толку богато, толку дарежливо, како овој човек, кој не му дал ништо, но во него признал еднаква на себе личност.

За крај ќе ви раскажам за еден човек, кој никогаш не знаел што е тоа осаменост. Нему му е посветена една од беседите на старец Емилијан. Тој бил селски свештеник, цел живот поминал во едно мало село во Грција. Го викале отец Димитриј. Тој бил прост човек, неписмен, но неговото срце било широко отворено за ближните и преисполнето со љубов.

Како што раскажува старецот Емилијан, отецот Димитриј прибегнувал кон помош на секој човек, за сите се сметал себеси за одговорен. Едвај нешто да се случи во селото, тој го земал стапот и си велел на себе: „Побрзај, отец Димитриј, пак ѓаволот се вселил во нашето село“.

Тој се лутел на себеси кога заборавал нечие име во молитвата и тогаш шепотел: „За здравје на началникот на автобуската станица … и на оној доктор…“

И поради неговото отворено, исполнето со љубов, срце, Господ го слушал така како што Он ги слуша големите светители. Еднаш отец Димитриј побарал од свети Георгиј повторно да го наполни пресушениот извор во селото. И кога водата зажуборела, тој едноставно рекол: „Аха, свети Георгиј, ти благодарам, благодетелу наш!“ Неговото дерзновение (слобода) било такво што тој често им ветувал на своите духовни чеда: „И по смртта ќе доаѓам кај вас и ќе ви помагам. Како да ги заборавам своите духовни чеда!“

Можеби некој ќе помисли: „Да, веројатно сето тоа е во ред, но веднаш сè да се запомни и разбере, нема да биде лесно. Зарем не постои некој универзален совет, кој ќе може постојано да ни е на ум?“ Постои. Следнава сликовита поука на авва Доротеј. Замислете, рекол тој, дека нашиот свет е круг. Во центарот на тој круг е Господ, а патиштата на луѓето се радиусите кои се спојуваат во центарот. Колку повеќе човек се стреми кон центарот, односно, кон Бога, толку поблиску е до другите луѓе. Тоа е патот на молитвата. А колку е поблиску тој до луѓето, толку поблиску е и до Бога. Тоа е патот на одрекувањето од себеси заради ближниот. Осаменоста е на крајот на кругот. Да почнеме да се движиме кон центарот!

Превод од руски јазик:

Аргирета Атева

Наслов на изворникот:

Игуменья Домника,

Сети одиночества

Православна светлина бр. 17

https://crkvaveles.wordpress.com/2023/11/23/%d0%bc%d1%80%d0%b5%d0%b6%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0/#more-3076

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная