На сè да гледате без стрес,
без секирација, без притисок..
Вашата душа да ѝ се предава на молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, за сите ваши грижи, за сè и за сите.
Не го гледајте она што ви се случува, туку гледајте ја светлината, гледајте Го Христос, како што детето ја гледа мајка си кога нешто ќе му се случи.
На сè да гледате без стрес, без секирација, без притисок, без гушење. Нема потреба да се трудите и да се гушите. Сиот ваш труд треба да биде да се насочите кон светлината, да ја стекнете светлината.
Така, наместо да ѝ се предавате на секирацијата, која што не е од Божјиот Дух, ќе му се предадете на славословењето на Бога. Имајте доверба во Бога. Секирацијата покажува дека не му го доверувате животот на Христа. Со сè да се соочувате со љубов, со добрина, со кротост, со трпение и со смирение.
Старец Порфириј Кавсокаливит