Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (21.09.2015)
Денес сакам да ви говорам за молитвата. Молитвата - тоа е нашиот разговор со Бога. Во молитвата ние Го прославуваме Бога, Му благодариме и бараме од него се што ни е потребно. Молитвата е вистинска голема сила, со која се прават чуда. Треба да се молиме секој ден. Понекогаш ни е тешко да се молиме, немаме молитвена расположба, но во таков случај потребно е да се принудуваме на молитва....