О. БОБАН МИТЕВСКИ: Соборот на Крит покажа зошто не се решава статусот на МПЦ-ОА
о.Бобан Митевски: - Ние сме де факто дел од православието, сакал тоа некој да го прифати или не. За МПЦ овој собор има важност од аспект на решенијата, за кои ние можеме да заземеме став, но добро е да се почека како ќе се изјаснат сите цркви.Од друга страна, овој собор за нас истакна на површина една вистина, која сите ја знаеја, односно се виде што е причината за неприфаќањето и нерешавањето на статусот на МПЦ.