И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Викарен Епископ Јаков Стобиски: Средба со бесмртниот Бог
Камо да немаше потреба да зборуваме, денес, за ова безумство човечко, за коешто зборува Христос во денешното евангелско четиво (види: Лука 12, 16–21). Но, за жал, постојат такви моменти и такви луѓе, кои Бог Го препознаваат како Оној Кој ги расипува нивните планови, Кој го „упропастува“ нивниот живот, и не Го гледаат како добар и благ, како љубовен и сострадален Бог. И во денешното евангелско четиво гледаме човек чии планови, желби и волја се апсолутно спротивни на Божјата волја и промисла за него самиот