Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф: Децата од домовите се моето големо семејство, ако ги заборавам, сум се заборавил себеси
Митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф, дефинитивно е нетипичен владика. Ова го заклучувате откако ќе сврзете само два-три збора со него. Тој е најмладиот владика во Македонската православна црква-Охридска архиепископија и негува огромна љубов, грижа и посветеност кон децата што растат без родители, живот кој самиот го искусил, но го направил посилен.