Старец Порфириј: Љубов за сите
Да ја излеваме нашата љубов несебично кон сите, не водејќи сметка за нивниот став. Кога ќе нè посети Божјата благодат, ние нема да се интересираме дали нè љубат или не и дали ни зборуваат со добрина, туку ќе чувствуваме потреба ние да ги љубиме сите. Егоистично би било од нас доколку сакаме другите да ни зборуваат со добрина.