г. Јосиф, митрополит Тетовско - гостиварски: Темели за нов почеток
Сигурен сум дека со полагањето на камен-темелникот за изградба на овој конак на местото на стариот руиниран објект, како и со веќе започнати проекти за обнова на стариот конак и за конзервација и реставрација на фреските во манастирската црква ,Пресвета Богородица, постепено ќе се овозможат услови за непречено функционирање на манастирот, за развој на духовниот и монашкиот живот.