Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница
Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури и против Евангелската наука. Се поставува прашањето: зошто некои се против Евангелието? Дали можеби имаат пронајдено друг подобар правец кој ги изградил подобро на морален план? Не! Денеска постојат толку многу пропаганди и влијанија со најразлични форми, кои влијаат кај