Игумен Трифун: Поднесување испитанија
Бог посакува сите да се спасат, но овој дар на спасение мора да биде прифатен од верникот, зашто Бог нема принудно да наметнува спасение на човештвото. Додека од една страна имаме слобода да го одбиеме дарот на спасението, од друга страна страдањето ни помага да се потсетиме дека се во овој свет е минливо и дека ни е потребен Бог.