Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, н.Аеродром, Скопје (16.11.2022)
Знај дека ангелите нe поттикнуваат на молитва и притоа стојат со нас, радувајќи се и молејќи се за нас. Па така, ако станеме небрежни и ако примиме спротивни помисли, крајно ќе ги разгневиме. Зашто тие толку многу се подвизуваат за нас, а ние ни за себе не сакаме да Му се молиме на Бог, туку го пренебрегнуваме служењето Нему и оставајќи Го нашиот Бог и Владика,
Господ Исус Христос им порачува на Своите ученици: „ болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте! “ (Мат. 10:8). Бесребрениците бесплатно им ја даваат на оние околу нив благодатта добиена од Бога. Тие ги исцелуваат болните.
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот.
Бидете многу внимателни, бидејќи помислата е моќна. Нејзината сила е слична на ефектот на инјекцијата. А самата помисла можеме да ја споредиме со шприц. Каков вид на шприц? Тенок. Дали тој ни предизвикува болка? Минимална.Низ минијатурната дупка иглата влегува во вената, едвај ние и да ја почувствуваме: само моментот на убод од иглата го чувствуваме како убод на ситен инсект.
Во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Васијан (Змеев) од Руската православна црква (настојател на Руското подворје во Софија, Р. Бугарија), протоерејот-ставрофор Никола Христоски,
Историското минато на Охрид и неговиот сјаен црковен придонес е низвременски. Владее ликот на Свети Климент (840-916), научник и писател. Ученикот на Светите просветители Кирил (826-869) и Методиј (815-885), кој и го ракоположил. Неговите свештени мошти се наоѓаат во Свештената Обител на Свети Пантелејмон,
Ние сме овде на земјата како во некаков вид на епитимија. Да не се чудиме што постојано се наоѓаме во некаква неволја. Сите постојано грешиме - се лизгаме и паѓаме. Всушност, се вплеткуваме во демонските стапици. Светителите постојано истакнуваат: битно е секогаш повторно да стануваме и да го продолжуваме патот кон Бога.
На 8.11.2022 година, кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата божествена Литургија во манастирот „Св. вмч. Димитриј Солунски“ – Марков манастир. Во ипоѓакон беше ракопроизведен чтецот Стево Миланов.
Нo кoј ќe прeтрпи дo крај, ќe бидe спасeн (Мт. 10:22), рeкoл Гoспoд. Вeрата e eдинствeна свeтлина на трпeниeтo, бидeјќи трпeниeтo самo пo сeбe прeтставува нeпoднoслива тeмнина.
Вeрата e свeтла ѕвeзда вo таа тамнина; вeрата ја ублажува oстрината на страдањeтo; таа на свoитe крилја ја пoддржува сeта тeжина на трпeниeтo
Лазар Личеноски се вбројува меѓу основоположниците на македонското современо сликарство. Неговото сликарство го одразува нашето поднебје, преку колоритот и најпознатите негови пејзажи на афиони, галички бачила, Охрид и многу други. Личеноски е еден од втемелувачите на ликовниот живот кај нас. Неговиот талент, творечки опус и спомен-куќата како културен објект ги поврзавме со нашите роденденски активности.
Јас сум акушер-хирург гинеколог и речиси две децении живеев мирно и во изобилство.Нo, од 1999 година мојот живот доби друг тек.
Една ноќ во сон видов мноштво бебиња кои како да пливаа во огромен аквариум, кој беше пред мене и како да се давеа откако очајнички се обидуваа да најдат излез со туркање на стаклото. Никогаш нема да ги заборавам тие крупни очи што очајно ме гледаа.
Нека остане само односот „Христос и јас“ и околу оваа оска нека го гради својот живот. Затоа што од овој избор не зависи само нашата сегашност, но пред се учеството на нашата душа во задгробниот живот. Прашањето за спасението е длабоко лично и вреди да му се посвети енергија и време. Затоа, да ги оставиме примамливите заблуди на астрологијата и да се држиме цврсто со двете раце за облеката Христова.
Чувствувам дека токму тоа го направил свети Нектариј Егински. Со други зборови, начинот на кој тој реагирал не само на критиките, туку и на клеветите, т.е. на патолошката и болна форма на „критика”, бил таков што успеал да преобрази една очигледна неправда во благослов и извор на осветување.
Тајната на светителите, која тешко ја применуваме во нашите животи, е токму тоа што преку Христа ја прифатиле
Ја слушаш дијагнозата и го губиш тлото под нозе. Тоа е моментот во вашиот живот кога се соочуваш со смртта не како нешто далечно и туѓо, туку како настан што го допира твојот здив. Тоа е моментот кога стоиш и гледаш на твојот живот како на еден измислен настан. Имено,тогаш мислиш дека ракот е просто само една фарса. Дали навистина сум болен од рак?
Ништо веќе не е важно, а дотогаш сè беше важно. Сета подлост престанува да постои.
Кондак 1
Чудесен Војводо на градот Солун, голем угоднику Христов и славен,
подвижнику, Свети Димитрие, тебе, кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави не’, за верно да ти воскликнуваме: Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!
О, Божји угодниче Свети Димитриј мироточив Солунски Чудотворец, моли Го Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител за нас грешните и неблагодарни луѓе, за здравје и спасение на душите наши. Да ни дарува Христос Бог, духовна мудрост, просветен ум и разум, срце храбро и чисто да создаде во нас и вистинскиот дух да го обнови во нас. По твоите молитви, Бог да го ублажи Својот праведен гнев, па по Својата милост и човекољубие, да ни ги прости сите наши гревови,