Што значи да се стане како дете во молитвата?
Откажи се од треперливата светлина на разумот за кој е недостапен духовниот свет; потопи се во мракот на незнаењето и бесмислата за тоа преку молитвата на срцето твое да засветли духовна светлина. Претстави си дека си дете кое ништо не знае, ништо не разбира, но кого нешто го влече кон Бог, Кому му верува макар онака како што мало дете им верува на своите родители.