Схиигумен Јован (Алексеев): Каде и да погледнам, се' ме утешува
Сето тоа толку изградува, просто не можеш да се воздржиш од солзи, во се' се гледа Божјата промисла. Како се' е прекрасно создадено и милостиво за се' се грижи и ништо не заборава.
Птичките се такви малечки, ноџињата како сламки, а постојат и се хранат и во време на мраз. Слава Господи на Твојата премудрост















Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир.
И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.
Се разбира, тие лицемери забораваат дека чкрапалото на револверот на челото од самоубиецот не го повлекува самоубиецот, туку целото општество. Ние ги самоубиваме луѓето, без разлика што најлицемерно го сфаќаме самоубиството како „нивен личен избор и чин“. Повторувам: сите ние ги самоубиваме, во драма полна одвратни интриги, во кои повлекувањето на чкрапалото е само спуштање на завесата откако сите заедно сме го одиграле последниот чин на нивно понижување.
Она што е важно е дека преку постот човекот придобива сознание дека му припаѓа на телото на Црквата, дека Црквата е едно тело, една целина од верници и таа како тело пости во тој период и на тој начин. Тоа ни го дава чувството дека припаѓаме на телото на Црквата, потчинувајќи се на таа заповед на Црквата. Сега е период на постот и бидејќи припаѓаме на телото на Црквата,
Според тоа, првото нешто што го придобиваме е црковното сознание – дека сме членови на Црквата и како такви го правиме она што го прави целото тело. Сите православни Христијани, во целата земја, на тој ден постат, значи постиме и ние, како членови на тоа тело. Не можеме да се двоиме од останатите, не можеме да ги правиме работите по свое, не може Божјиот народ да врви по еден пат, а ние да следиме друг. Црквата не е нешто неодредено, нешто апстрактно, туку тело од луѓе – или ѝ припаѓаш
Бог вели: Ти понудив оган и вода, живот и смрт, пружи ја твојата рака на тоа што сакаш (Кн. Мудрост Сир. 15:16-17). Демонот вели дека пружањето на рацете не е во твоја власт, туку дека зависи од некоја потреба и сила. Тебе ти се чини дека тоа што тој го кажува заслужува повеќе доверба, но не размислуваш за растојанието кое ги дели советниците, за тоа дека еден е Бог, а другиот е демон.
Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце,

























