Радмила Заревска: Ода за празничното лицемерство
Зошто воопшто би го празнувале Христовото раѓање, ако пред Бадник и на Бадник сме дел од сите „традиции“, а на Божиќ наместо црквата ја избираме кафеаната?Божиќ е празник на оние што му се радуваат на Христос, а не на оние што им се восхитуваат на народните традиции, но како и да е. Христос ќе се роди пак за сите.Треба да се фокусираме на она што е еднакво важно за секој граѓанин, без разлика на верата и етничката припадност. Дали може да им се стави крај на поделбите, на омразата, на општество, кое е како со нож поделено?