И затоа грижете се Не да ги направите богати, туку да ги направите побожни, господари над своите страсти, богати во добродетелите.
Придонесете да не го бараат она што им е непотребно, и земните богатства да ги ценат онолку колку што и вредат. Внимателно гледајте ги нивните постапки, нивното друштво, врски, и не очекувајте од Бога никаква милост доколку не ја исполнувате оваа должност.
Се поклонуваме на нивните мошти и просиме од нив благослов за нашата Света Црква, за нашата света обител за нејзино благуспевање по патот на ширење на Евангелската радост, духовна закрила на нашето скромно монашко сестринство- негово наследство, за нашиот град и татковина да бидат запазени од секакви искушенија, по молитвите на светиот Теодосиј и по молитвите на Пречистата Богомајка сега и во сета вечност Амин!
За денот и часот на второто Христово доаѓање нe се знае, така ни вели Светото писмо, но со сигурност знаеме дека тоа ќе биде кога повторно во светот ќе царува гревот и злото, а Христовото стадо ќе биде мало. Денепшивс времиња многу потсетуваат на овие пророчки наговестувања. Затоа зборовите; "Покајте се, зашто се приближи царството небеско", важат и
Достоевски вели: Да се наслика и да се претстави позитивно прекрасниот човек е потешко од се и тоа е бескарајна задача. Убавината, красотата е идеал, а ниту нашиот, ниту на цивилизирана Европа сеуште ни оддалеку не изграден. На светот постои само една позитивна Убавина, едно прекрасно Лице-Христос. Самата појава на тој бескрајно прекрасен Лик е веќе бескарајно чудо. Целокупното Евангелие по Јован зборува за тоа: што тоа чудо се појавило и се наоѓа во Овоплотувањето-Логосот(Словото) стана тело, Бог стана човек.
Од вишниот Сион, на Светите градот,
Погледни на нас и испрати ни сладост,
Јоаникие свети, најнежен татко,
Од преслаткиот Христос, нашата радост,
Кого од младини Го возљуби силно,
И возвишен во Него, покажа живот.
Недела по Богојавление кога го празнуваме пре. Теодосиј Велики и пре. Јоаникиј Ракотински во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света Божествена Литургија.
Црквата, како тело на Христос го „собира“ (Мат. 23,37) светот во Него, го преобразува и го напојува со „вода која тече во живот вечен“ (Јован 4,14).
Некои луѓе стварно имаат проблем со својот разум. Нивниот разум не е духовен. И, тоа е очигледно. Патем, едно е духовен, а сосем друго интелектуален разум; самите ќе разберете понатаму. Како настанува проблемот со разумот?
Во денешното евангелие читаме: „Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: ’Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!‘“ (Матеј 4, 12–17).
И така, да не забораваме, дека Бог е над сите нас. Дека Он го допуштил тоа за наша полза. Вие многу убаво знаете, колку многу во последно време се поминаа рамките на нормалноста, почнувајќи со абортус, блуд, сѐ – пијанство, наркоманија, сѐ што сакаш, сѐ кај е нас превртено наопаку, хомосексуалност итн. Цел свет се свртел наопаку. Затоа беше природно што Бог допушти да се случи нешто. Небитно, пристигнал ли овој вирус од било каде, или бил произведен, тоа нас не нѐ интересира. Бог него го допуштил. Затоа што светот трча на таа страна, и Бог мораше да нѐ крене на нозе. И Он го допуштил тоа.
Врвните дела на главниот зограф, кој го сликал живописот на црквата “Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези, се композициите Оплакување Христово и Симнување од крст. Токму композицијата „Оплакување Христово“ се смета за предвесник на ренесансата во Италија и дека всушност ги има сите потребни елементи што ја карактеризираат и Џотовата Св. Богородица (14. в.), која е п
Меѓутоа, зборовите на пророк Езекиил се попречени со еден зрак милост, кој опфаќа неколку исклучоци. За нас е од огромен интерес обновувањето на бедното генетско наследство. Следниот извадок е за еден татко, кој направил секакви лоши дела, но во услови на видлива и невидлива
Ни гладoт, ни ѕвeрoвитe нe му гo пoврeдилe тeлoтo вo пустината за мнoгу гoдини,
ниту пак душата му ја пoврeдилo oчајаниeтo заради oсамeнoста,
ниту гoрдoста заради нeбeснитe видувања.
Тoј нe пoбарал oд луѓeтo ни лeб ни знаeњe.
Сè Бoг му дал oд тoа штo имал пoтрeба,
бидeјќи пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја.
Непрестајната молитва доаѓа од љубовта, а се губи поради осудувањето на другите, празните разговори и невоздржувањето. Оној што Го љуби Бога, може да мисли на Него ден и ноќ, бидејќи на љубовта кон Бога не ѝ пречат обврските. Апостолите Го љубеле Господ и светот не им пречел во тоа, иако тие размислувале за светот и се молеле за него, и проповедале. А ете, на св. Арсениј Велики му било речено:
Он ни дава животворно помирување. Ние сме истоштени и бессилни, но ете пред нас стои Он неисцрпниот Источник на сите сили. И како што после ноќната темнина сета твар брза со стремеж да го улови првиот зрак на сонцето што изгрева, така и ние насочувајќи го својот духовен поглед кон спасителното Богојавление, жедно ги примаме од Него зраците на божествениот “
Многу христијани имаат желба да одат на реката Јордан и да се измијат во неа. Но без разлика колку пати да се капеме во Јордан, колку пати да пиеме од света вода, ако не се покаеме, нема да се спасиме. Јордан е покрај нас. Тој тече во црквата- тоа е слаткото покајание и исповест. Ако се измиеме со покајание- сите наши гревови ќе бидат избришани.
А кои луѓе биле сведоци на Богојавлението?
Оние кои што ги беа слушнале зборовите на Претечата Христов, кој повикуваше на покајание, кои ги беа исчистиле душите и срцата од гревот преку покајание и кои приоѓаа кон покајно крштение.
Бог Света Троица и денес се јавува и објавува.
Денес, во раните утринските часови со молитва, содржината на празничните читања и песнопенија на Царските Часови и Вечерната, причестувањето со Светите Христови Тајни на Василиевата Литургија, благодатта и избликот на радост од Богојавленскиот водосвет во дорот на храмот – сето тоа духовно ги подготви нашите души за вистинско доживување на празникот на Светлините…