Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (населба Аеродром, Скопје) за март 2016
12. март (сабота), 18:30 Вечерна;
13. март (недела, Недела сиропусна, Прочка), 07:30 Утрена,
09:00 Света литургија;
12. март (сабота), 18:30 Вечерна;
13. март (недела, Недела сиропусна, Прочка), 07:30 Утрена,
09:00 Света литургија;
Христовото учење не подразбира буквално влечење големи дрвени крстови како Неговиот, туку подразбира мирно прифаќање на искушенијата, вели отецот и додава дека секој човек со чисто срце и искрена вера неговите зборови ќе ги сфати како повик на разумност и толеранција. Презаситени сме веќе од патриотски и националистички прикаски и крв, вели владиката. И навистина сме презаситени.
Со вера се раководат морепловците кога ја доверуваат својата судбина на малечко дрвце, па непостојаното движење на брановите го претпочитаат и пред најтврдата земјена стихија, та се предаваат себеси на неизвесите надежи и имаат толку голема вера која за нив е понадежна од секое сидро“ (Петто огласително поучение).
„На човекот му е дадена таква сила што може да го пренесе доброто или злото врз она што го опкружува. Тоа се многу специфични работи. Потребно е големо внимание. Потребно е на сѐ да гледаме како на добро и позитивно. Ниту малку не смееме да размислуваме лошо во врска со другите. Дури и брзиот поглед и воздишката влијаат на оние околу нас. И дури и најмалата лутина предизвикува штета.
Утврдете се преку мислата дека молитвата е сè. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.
Обично луѓето кои немаат претстава за духовниот живот, сметаат дека одрекувањето од световните знаења задолжително води до интелектуална празнина, мрзливост на мислите и необразованост. А овде се случува нешто сосема друго: премин од пониското кон повозвишеното, од душевното кон духовното, од минливото кон вечното.
- Имаме можност да ја промовираме целосната реконструкција на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ – Зрзе. Реконструкцијата на овој духовен центар, несомнено, ги демонстрира нашата посветеност и нашите заложби да го зачуваме богатото културно наследство што го поседуваме како држава, да обезбедиме негова соодветна заштита, промоција и достапност за нашите граѓани...
„Минатата недела, мили мои, Црквата, преку параболата за Блудниот син, ни напомна за огромното Божјо милосрдие, за Божјата неизмерна и безусловна љубов и простување. Денес, пак, ни се даде можност, повторно преку зборовите на Самиот наш Спасител, Господ Исус Христос, да погледнеме низ завесата на времето, во таинственото предвестување за крајот на светот, за Христовото страшно и славно доаѓање, како и за Судот кој ќе се случи...
Но истото се случува и денес. Ако не сторам некое лошо дело, тоа е само затоа што не сакам да Го „нажалам“ Бога. Не затоа што Му се плашам. Бидејќи Го сакам. Не сум заробеник на Бога. Ниту се имам „предадено“, како што се случува во војна. Сакам секој ден да се принесувам себеси. Со сета моја љубов и со сета моја волја, сега додека сум жива, денес...
Бог од нас бара љубов преку конкретни дела на љубовта. Само преку љубовта ние се соединуваме со Него, зашто "Бог е љубов".
Создавајки го човекот според Својот образ, Тој се препознава во секој еден човек. Затоа ќе рече: " доколку (не) сте го направиле на еден од моите најмали браќа, Мене (не) сте Ми го направиле".
Сè дoдeка eдeн чoвeк самo мудрува за Бoга, сè дoтoгаш тoј e нeмoќeн, пoтпoлнo нeмoќeн кoн лoшиoт дух. Лoшиoт дух му сe пoтсмeва на нeмoќнoтo свeтскo мудрувањe. Нo штoм eдeн чoвeк пoчнe да пoсти и да сe мoли на Бoга, лoшиoт дух сe испoлнува сo нeoпислив страв.
„Бог не допушта да паднеме во искушение што ги надминува нашите сили. Мајсторот лесно ги потчукнува кристалниот и стаклениот сад за да не ги скрши, а на сребрениот и бакарниот сад нанесува силни удари; така, за раслабените се допушта лесно, а за силните – потешко искушение.“-
Сега ќе ви ја раскажам приказната која се однесува на еден многу стар монах од Капсала. „Машината“ на овој старец била од оние што создаваат само добри помисли. Во животот гледал само добри работи и бил слеп за секое зло. Еднаш го посетила група луѓе и му подариле мал радиоапарат. Стариот монах го зел во рацете и го проучувал со голем восхит.
Ако се научиме да го воздржуваме умот од паѓање во гревовни состојби, тогаш несоздадената светлина од созерцанието го проголтува тој ум, откривајќи го во нас Божественото присуство на Христос. Тоа божествено присуство или славата Божја е одраз во нас на беспочетното блажено битие на самиот Бог.
Гледаме дека Господ, освен правењето добро и вршење добри дела, не поставува никакви други услови за наследување на Царството Небесно. Нема поделби по националности, нема поделби на мажи и жени, нема поделби по боја на кожа, нема поделби по социјален и општествен статус, не им гарантира ниту на сиромасите, ниту на богатите дека ќе бидат дел од Царството Небесно.
Авторот на оваа книга, игуменот Евмениј, веќе им е познат на нашите читатели преку книгата „Пастирска помош на душевно болни“, така што ова е веќе негово второ дело преведено на македонски јазик.
Оваа книга има сосема поинаква содржина од претходната.
На овој ден, од Евангелието се чита Христовата парабола за Страшниот суд (Мт 25,31-46). По каков закон Христос ќе ни суди кога ќе дојде во тој ден. Во параболата се одговара: Љубов, и тоа не само хуманитарна грижа за апстрактна правда и за анонимниот „бедник“, туку конкретна и лична љубов кон човекот, кон секое човечко суштество што по Божја волја ќе го сретнеме на нашиот животен пат...
Во критична состојба, кога човекот е лишен од книги или од каква било надворешна потпора, може да се потпре на својот внатрешен „багаж“. Познавањето на законите и догмите не спасуваат. Треба да се стекне Христос во своето срце. И кога човекот ќе успее во тоа, тогаш православниот човек во затворот има цела програма на живот.
Денес спортот е една од најважните компоненти на општествениот живот. И не само тоа, спортот е професија, спортот за жал е дури и бизнис, а понекогаш спортот е и политика. Спортистите што постигнале високи резултати стануваат национални херои, идоли на милиони: ним луѓето им се восхитуваат, со нив се гордеат, сакаат да им се угледаат. А дали меѓу нив има многу верници?
Рамноправноста на жените е современа тема која со особен замав започнува да се дискутира во пресрет на Меѓународниот ден на солидарност кон трудољубивите жени – во пракса познат како празник на жените што се одбележува на 8 – ми март. „Нарушување на правата на жените“ некои гледаат и во Православната Црква.