II акатист кон Пресвета Богородица, во храмот на св.пророк Илија, Скопје (25.03.2016)
КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота,
смело на Гавриила му прозборе:
Преславниот твој глас
КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота,
смело на Гавриила му прозборе:
Преславниот твој глас
Кој Го љуби Господа, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Бога ја породува молитвата. Ако не се сеќаваш на Господа, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Оти преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Со молитвата човекот се чува од гревот, оти умот кој се моли е зафатен со Бога,...
Душата има три способности: разум, чувства и волја. Од неразделната дружба со телевизорот волјата кај човекот се обессилува, како кај тие кои често се подложени на хипнотички сеанси; чувството затапува и бара сѐ понови и поинтензивни доживувања „и допинзи“, а разумот станува поробен од сликите коишто се менуваат една по друга и коишто го внесуваат неговиот живот во некаков фантастичен свет, во една фантазмагорија која постојано трае.
Токму затоа и овој петок, нашите две обители радосно ѝ ги упатија на небесната наша Мајка прекрасните благодарствени песни од акатистната химна:
Радувај се, ти ни помагаш да се ослободиме од лоши дела! Радувај се, ти го прекрати поклонувањето на огнот! Радувај се, ти нè ослободуваш од пламенот на страстите! Радувај се, ти ги учиш верните на целомудрие; Радувај се, ти си радост за сите народи!
На 25.03.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи II акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј Предраг Исаески, протоереј Ивица Спасеноски, протоереј Жарко Мицкоски и ереј Александар Стојаноски.
На 25.03.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови, во храмот „Св. Петка “ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј Андон Андоноски, ереј Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
“Акo вистинитoста на вeрата сe цeни спoрeд пoбeдитe вo вoјнитe, тoгаш би значeлo дeка ситe идoлoпoклoнички нарoди, кoи oдврeмeнаврeмe гo пoбeдувалe свeтoт, какo Пeрсијанцитe, Грцитe, Римјанитe и други би ја ималe вистинската вeра! Тoа ни виe мухамeданцитe нeма да гo признаeтe. И тoа штo сeга стe ги пoбeдилe христијанитe, тoа нe значи дeка вашата вeра e пoдoбра, туку дeка сe гoлeми нашитe грeвoви заради кoи Бoг прeку вас нè казнува”.
И може ли да се нарече пост само запазувањето на оние правила за невкусување мрсна храна во посни дни? Ќе биде ли постот пост, доколку покрај внесувањето на извесни измени во составот на храната, не одвоиме време да се замислиме за покајанието, ни за воздржанието, ни за очистувањето на срцата преку засилена молитва?
Радувај се во Господа, прославен граду Битола, на Четириесетте победоносни Маченици Христови славна родителке. Зашто тие на насилството и ветувањата од телољубивите Агарјани, мажествено спротивставувајќи се, непоколеблива основа за верните станаа, откако крвта своја маченичка како дар на Господа му ја принесоа.
„Искуството од животот со Бога, со Христа, му дава на човекот голема сила“, истакна патријархот Кирил во своето слово по завршувањето на сеноќното бдение во московскиот Сретенски манастир. „Вистина ви зборувам“, ја продолжи својата мисла Претстојателот, „што е сведоштвото на мачениците, исповедниците, ако не израз на токму таа внатрешна сила?
И ние денеска, потсетувајќи се на овој историски настан, да се потрудиме во нашиот живот, преку нашите постапки и со правењето добродетели, да се подготвиме достоинствено да Го прославиме нашиот Спасител Господ Исус Христос. Ние ќе Го прославиме и величаме, ако се угледаме на безбројните Божји угодници.
Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба,
“ Време е, дванаесетти час е, поедини наши црковни представници да престанат да бидат исклучиво слуги на национализмот и политиката, сеедно која и чија, и станат првосвештеници и свештеници на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Христодадена и од Светите Отци остварувана, мисија на Црквата е : да се всадува и изградува, во душата на народот,
Според досега кажаното, можеме да заклучиме дека заедничкиот именител на бракот и празникот на 40-те маченици е токму мачеништвото. Не случајно е тоа што празникот се паѓа во деновите на Великиот пост, во оној период кога се подготвуваме за празникот на Христовото Воскресение. Тоа е период кога христијаните усмеруваат поголемо внимание врз себеси, задлабочувајќи го својот духовен живот.
Неслучајно Светите Отци предвиделе евангелскиот текст за Божјото откривање на луѓето да се чита на денот кога ја славиме победата на светата православна вера над сите ереси и лажни учења, а особено победата над иконоборната ерес. Зашто сите оние што хулеле на светите икони, во подлабока смисла го негирале Христовото воплотување и реалното Божјо присуство меѓу нас и во нас.
Не велете дека Бог е невидлив за луѓето,
Не кажувајте дека луѓето не ја гледаат светлината Божја,
Ниту дека тоа е неможно во сегашно време!
"Достојно и праведно е, Тебе да те воспеваме, да Те благословуваме, да Те фалиме, да Ти благодариме и да Ти се поклонуваме на секое место..."
Во ред е да Ти благодарам, да Те воспевам, но... Но што е со Крстот? Кај е адот? И кој ќе ме ослободи од гревот и смртта, и нели Он воскресна? -не
Денес, во Неделата на Православието, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Божествена Литургија на свети Василиј Велики, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица.
Самиот ’статус на автономија‘ на една Црква, како што ја замислиле претставниците на Меѓуправославната подготвителна комисија, е само една еклисијална (црковна) аномалија, која се темели на две еклисиолошки ереси или теолошки погрешни учења, кои ги препознаваме во точките А и В од нивните заклучоци. Да ги разгледаме теолошки, поединечно, па ќе дадеме и наш заклучок за негативните црковни последици од така замислената „автономија“.