Свети Ефрем Сирин: Совети за покајание
Благиот Бог ни дарува просветување со познание. А ние, пак, го отфрламе од ден во ден. Да ја бевме исполниле волјата Божја, ќе бевме блажени во моментот на наградувањето заедно со сите оние кои ја твореле Неговата волја. Меѓутоа бидејќи не ја исполнувавме, таму нема да имаме никакво оправдување. Ние имено, сите грешиме свесно. Сите ние ги чувствуваме Божјата промисла и даровите со кои нѐ обдарил благиот Бог. Неговата благодат во секое време ги посетува нашите срца.