Е да, шега е, но никој последовател на Христа, не може да има во срцето дури ни најпроста помисла дека постои човек кој ќе биде одделен од Бога, па макар и тој да е најлошиот на светот, најголемиот еретик и најголемиот богохулник кој постоел на земјата. Ние сме должни да се молиме за сите да Го познаат Бога во Светиот Дух и сите да го достигнат единството на верата и познанието на Светиот Дух.
Преподобен Дионисиј Олимпски
Заминал на планината Олимп и со голема ревност го продолжил подвигот. Најпрво се населил во една пештера, која е зачувана и денес. Но многуте тешкотии, гонења, клевети го принудиле да го напушти саканиот Олимп и да отиде на југ на планината Пилио, каде што изградил манастир на Света Троица (Сурвија). Подоцна се вратил на Олимп и во 1542 го изградил првиот манастир, исто така во чест на Света Троица, кој и до денес е зачуван.