Скопје, 14ти јуни 2019 г.- храм на св.Петка, н.Црниче
На 14ти јуни 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Светиот маченик Јустин Философ
- Преподобен Агапит Печерски
- Оддание на Воснесение
Во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче, во седмата недела по Вознесение,на денот на празникот на Светиот маченик Јустин философ,Преподобен Агапит Печерски,и Оддание на Воснесение, Антонио Апостолоски, професорот во Македонската православна богословија „св.Климент Охридски“ во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена Литургија на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.По отслужената Литургија отец отслужи мал петочен водосвет.
„Акo нeкoј би мoжeл да ги пoгoди ситe чoвeчки мисли и да ги прoрeчe ситe судбини чoвeчки, и да ја oбјави сeкoја тајна штo зeмјата ја криe вo свoитe длабoчини, а нeма страв oд Бoга, нeгoвoтo знаeњe e какo истурeнo млeкo вo нeкoј нeчист сад oд кoј цeлoтo млeкo сe расипува. И на нeгoвиoт смртeн час, нeгoвата мудрoст нeма да свeти ни кoлку дoгoрчe бeз пламeн, туку смртната нoќ ќe му ја направи уштe пoтeмна.“
Во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче, на денот на празникот на светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан,свети Марут,преподобниот маченик Роман, Антонио Апостолоски, професорот во Македонската православна богословија „св.Климент Охридски“ во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена Литургија на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.По отслужената Литургија отец Владимир Белчовски отслужи мал петочен водосвет.