Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (19.12.2020)
Господ Христос на сите им се обраќа согласно нивото на нивниот духовен развој. Оние кои водат природен начин на живот – Апостолите, ги поучува како од просветленост да достигнат обожение, а оние кои водат противприроден начин на живот (растројство, неврози), како и оние кои се наоѓаат на степенот од очистување на своето срце од страстите – неопитниот народ, ги поучува како да достигнат до степен на просветлување на умот и да влезат во природниот начин на живот.