"Ве молам, не се откажувајте од вашиот повик и не поставувајте граници на доброто и качувањето по лествицата на совршенството. Оние што трчаат по минливите имоти не се наситуваат со зголемувањето на богатството. Ниту вие не треба да застанете во духовното усовршување, туку брзајте напред до последниот здив.
„Затоа што мислам дека сегашните страдања не се ништо во споредба со славата што ќе ни се открие.“ Зар во житијата на светителите не гледате со каков труд и пот тие се подвизувале во својот живот? Не можете ли да видите со колку крв и какви страдања тие го завршиле овдешниот живот? Зошто? За да Го здобијат Христос.
„Затоа што ова што се гледа е привремено, а она што не се гледа е вечно.“ Зар сонцето не е добро? Меѓутоа, и тоа ќе потемне. Месечината, зар не е убава? Но и таа ќе престане да свети. Ѕвездите? И тие ќе паднат. Зар небото не е убаво? И тоа ќе обледе како облека. Сѐ ќе се измени: ќе има ново небо и нова земја, како што е напишано. И ќе започне неискажливиот блажен живот во Христос и со Христос. Такви се ветувањата.
И со истакнувањето на тоа си помагаме самите себеси во победувањето на сетилното со помош на натсетилното. Божјата љубов ја надминува телесната, според учењето на апостолот: „Барајте го она што е горе, каде што Христос седи од десната страна на Бога. Размислувајте за она што е горе, а не на земјата“. Не се валкајте во нечистотијата на сластољубието, во калта на страстите, чиј крај е погибелта... „Меѓутоа, нашиот живот е на небото, од каде Го очекуваме и Спасителот Исус Христос.“
- Свети Теодор Студит
Избор од фб профил на
Monika Nikolova