Пладневна посета на манастирот „св.Никола“, с.Љубанци, (22.07.2020)
Откако се направи дренажа, и заштита на надворешните делови на црквата, сега е фазата на поплочување на патеката околу неа.Со години, во јули и август, кога сонцето е во зенитот, сестрите се високо во околните ридови и ливади, собирајќи најразлични чаеви, од кои понатаму прават,нам-„сет“ за припомош, па така како пример, имаме чај, масло и тинктура од риган, русомача, кантариот, мајчина душица итн.